Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2015 година, во однос на истиот период од 2013 година, бројот на превезените патници во градскиот превоз е зголемен за 2,6%, во меѓуградскиот превоз за 23,5% и во меѓународниот превоз за 72,3%, додека во приградскиот превоз намалувањето изнесува 8,2%.
Во однос на истиот период од 2014 година, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 3.0%, во приградскиот превоз за 28.2%, додека во меѓуградскиот превоз е зголемен за 8.4% и во меѓународниот превоз зголемувањето изнесува 71,0%.