Владиниот авион поради дефект принудно слета во Цирих

Владината делегација предводена од премиерот Никола Груевски која се враќала од Стразбур принудно слетала во Цирих, објави ТВ „Телма“.

„Според првичните информации можам да потврдам дека при враќањето од Стразбур се случил дефект во летот на владиниот авион во кој бил и премиерот Груевски со своите соработници по што авионот принудно слетал во Цирих. Според информациите кои ги имам присутни во авионот велат дека се слушнал гласен и продорен звук по што дошло до пореметување на внатрешниот притисок, а пилотот веднаш се обидел да ја намали висината за да се обиде да го намали притисокот и според протоколот за вакви ситуации да го слета авинот на најблискиот аеродром“, изјави за „Телма“ портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев.

Тој додаде дека сите патници се добри и дека надлежните служби треба да ги преземат сите процесни дејства за утврдување на фактите.

Извор: Нет Прес