Честитка од претседателот на СДСМ Заев по повод Националниот ден на Власите

Во чест на Националниот ден на Власите, претседателот на СДСМ, Зоран Заев во свое лично име и во име на Социјалдемократскиот Сојуз упати честитка до влашката заедница во Република Македонија.

„Определени кон почитувањето на различностите, по која било основа, вклучувајки ја и националната припадност, како непроценливо богатство на Република Македонија, изразуваме надеж дека како општество уште поинтензивно ќе се посветиме кон негувањето на влашката традиција и вредности во државата.

Власите дадоа голем историски, културен и општествен придонес во градењето на современата македонска држава.

Денес, исправени сме сите заедно пред предизвикот за враќање демократските процеси во нашата земја и за одговорно и искрено продлабочување на заедништвото, меѓусебната толеранција, почитувањето на посебностите со цел обезбедување стабилна иднина на граѓаните и на Република Македонија.

Со благодарност за придонесот што го даваат граѓаните Власи на патот кон враќањето на слободата, ви го честитаме денешниот празник“.“– стои во честитката.