Деновиве излезе од печат книгата Чудата на Свети Еразмо од авторот Стојан Ристески. Таа е прва книга, за првиот масовен посветител на народот од нашиов крај, во Христовата вера, од крајот на III и почетокот на IV век од н.е.Во книгата е претставен животот и делото на Св.Еразмо во Антиохија, Хераклеа (Охрид) и Венеција.Застапени се две житија за светецот, две служби и дваесет и седум записи за чуда на Св.Еразмо.
Манастирот Св.Еразмо во Охрид е единствен манастир посветен на Св.Еразмо во цела Р.М.Манастирот Св.Еразмо е претставен и на четиринаесет фотографии во колор.
Инаку , книгата и таа е најновото дело на познатиот охридки и македонски писател професор – македонист, Д-р Стојан Ристески чиј книжевен опус е сосема слободно може да се каже национално богатство и богато наследство за сегашните и идни генерации македонци..
Автор е на 70-ина дела и публикации,меѓу кои се: Создавањето на современиот македонски литературен јазик, Стенографски белешки од Првата јазична комисија, Табу-темата: Киселинов-Конески, Судени за Македонија (три книги), Една голооточна голгота, Голооточка исповед, Прогонуван за идеја, Естреја, Коста Абраш, Лазар Поптрајанов, Преспа под Албанија, Верица, Моите кодоши, Воислав И.Илиќ-алка меѓу две литератури, две култури,Чудата на свети Наум, Две ретки дела од Јоне Кленко, Јадосувања и др.
Професорот Стојан Ристески кој е роден во 1932 година во Лешани, Охридско, денес живее и твори во Охрид, а неговите дела и неговата творечка активност и натаму се посветени на Македонија и на македонската историска вистина.
WebOhrid