На иницијатива на Секторот за внатрешни работи Охрид, денес ќе се одржи работна средба со претставници на локалната самоуправа, на претшколските и школските образовни центри, на велосипедските и моторциклистичките клубови како и на други институции со ингеренции во сферата на безбедноста во сообраќајот.
Целта на оваа работна средба е координација и дефинирање на превентивно-едукативните активности за подобрување на безбедноста во сообраќајот на ранливите категории-учесници во сообраќајот.
Координативниот состанок доаѓа во пресрет на туристичка сезона кога СВР Охрид планира ефективни, пред се превентивни мерки со цел подигнување на сообраќајната безбедносна култура кај ранливите категории, но и кон сите учесници во сообраќајот и почитување на законските одредби од Законот за безбедност во патниот сообраќај.
Вакви превентивни, а во одделни случаи и реактивни мерки кон учесниците во сообраќајот кои ги нарушат законските одредби, ќе се спроведуваат во текот на целата туристичка сезона.
Работната средба ќе се одржи денес во 11 часот во малата сала на општина Охрид.