Средба на градоначалникот Бакрачески со амбасадорот Кирби

На барање на амбасадорката на Македонија во Белград, Вера Јовановска-Типко, денес градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески оствари средба со амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Србија, Мајкл Кирби кој во придружба на својата сопруга е во дводневен престој во Охрид.

На средбата, градоначалникот Бакрачески го информира амбасадорот Кирби за Охрид како привлечна туристичка дестинација при што почесниот гостин посебен интерес покажа за типот на гости кои го посетуваат нашиов град а се разговараше и за можностите за авионско поврзување на Охрид со други туристички дестинации.

На средбата се зборуваше и за образовниот процес во Македонија како и за можностите бројот на невработени лица во Охрид да се намали со вработување преку странски инвестиции.

Амбасадорот на САД во Србија Мајкл Кирби и сопругата за прв пат се во Охрид и Македонија. Тие се фасцинирани од убавините на Охрид и неговите културно-историски знаменитости.

Amerikanski_ambasador_4853 Amerikanski_ambasador_4852 Amerikanski_ambasador_4854