Нови 20 стипендии за студии на „СИТИ Колеџ“ во Солун

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска со Спиро Ристовски, заменик министер за образование и наука на Република Македонија и со г. Јоанис Верверидис, директор на „Сити колеџ”, Факултет за меѓународни студии при Универзитетот „Шефилд” од Велика Британија, лоциран во Солун, Грција, го потпишаа протоколот за соработка за доделување на 20 стипендии „Борис Трајковски” за академската 2015/2016 година, во рамки на Програмата за бизнис-администрација – МБА.