Вардар ја прослави својата осма титула во независна Македонија

Овогодинешниот шампион на Македонија, тимот на Вардар, во Кратово ја прослави деветта шампионска титула во својата историја, осма во независна Македонија.

Претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски им го додели шампионскиот пехар на вардарци.

Екипа на Вардар во последното коло од шампионатот одигра нерешено 2-2 со домашниот тим на Силекс.