ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ учествуваше на Balkan Junior – Niksic 2015

Од 12-ти мај до 16-ти мај се одржа Балкански натпревар за Мехтроничар во Никшиќ, Црна Гора. На натпреварот учествуваа електро-машински училишни центри од Црна Гора, Словенија, Босна и Херцеговина, Србија, Турција и ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Македонија.

Училиштето го претставуваа учениците од III- година: Оливер Симоноски, електротехничар за компјутерска техника и автоматика и Бојан Лалчески техничар за компјутерско управување со менторите Борис Стрезоски и Владо Јанкулоски. Учениците го освоија – III – место.

Натпреварот се состоеше од теоретски и практичен дел. Теоретскиот дел се полагаше со тест од 6- области: Дигитални системи, Автоматика, Електромоторен погон, Машински елементи, Механика и Хидраулика и пневматика.

За време на практичниот дел учениците проектираа две ременици во Solid Works програма, истите ги изработија со помош на 3D – принтер и изработија софтвер на ПЛЦ.

sl1