Караванот по повод промовирање на платформата за фриленсерство Hitlancer.com ќе се одржи на 2-ри јуни(вторник) во Факултетот за Туризам во Охрид со почеток од 17:00 часот.
На настанот ќе бидат присутни претставници од бизнис секторот, невладин сектор, студенти, професори и поддржувачи на концептот за фриленс работа. Ќе се одржи презентација за фриленсерството од страна на Оливера Костовска и Горан Мојаноски, а после презентацијата ќе се одржи кратка работилница каде што ќе се прикажат функционалностите на македонската фриленс платформа Hitlancer.com .
Проектот Hitlancer е поддржан од страна на Alumni Engagement Innovation Fund 2014, озвозможен од Стејт Департманот на Соединетите Американски Држави. Локалната имплементација е во соработка со Американската амбасада во Скопје и Summer Work and Travel Alumni организацијата. Тимот кој стои зад реализацијата на идејата брои 9 лица кои се одликуваат со бројни интернационани искуства од областа на менаџментот, финансиско работење, софтверски развој, маркетинг, човечки ресурси, но најважно од се претприемништво.
Hitlancer овозможува поврзување на носителите на капитал, бизнис развој и имплементацијана идеи, со квалификувани реномирани човечки ресурси, подготвени на само менаџирање и продуктивност во дадени временски рокови. Принципот е едноставен: креаторите на проекти имаат потреба да биде завршена некоја привремена работа од страна на фриленсерите, то ест лица кои ги поседуваат потребните знаењња и вештини за негова реализација. Овој концепт е добро познат во светски рамки, но тимот на Hitlancer е убеден дека капацитетот на македонските интелектуалци е далеку поголем од неколкуте илјадници креирани профили на конкурентските светски докажани фриленс платформи, пред се во областа на информациските технологии. Поволностите кои ги обезбедува оваа платформа се: позитивно корисничко искуство, едноставен но функционален интерфејс, безбедно електронско плаќање, можност за соработка со физички и правни лица, реална поддршка од страна на тимот, заштита на односите согласно дефинирана политика на фер користење, рангирање на фриленс профили по пат на препорака, брина во работењето, ревидирана и достапна база на податоци, прецизирани вештини поддржани со резултати од објективни унифицирани тестови за проверка на знаењето и тн.
Користењето на услугите на оваа платформа е засновано на иновативен бизнис модел изразен преку поени. Поените ќе бидат достапни за корисниците по симболична цена, преку системот за безбедно електронско плаќање, во соработка со НЛБ Тутунска банка. Со бесплатното креирање на личен профил сте чекор поблизу до успешно остварување и на Вашата приказна.
Категории кои се опфатени на оваа платформа се: развој на веб апликации, развој на софтверски апликации, бизнис и правни услуги, интернет маркетинг, превод и пишување, внесување податоци и административна поддршка, дизајн и мултимедија. Платформата се надоградува постојано и сите планирани функционалности треба да бидат вградени до крајот на 2015-та година.
Тимот на Hitlancer на своите идни корисници им посакува позитивни фриленс искуства при користење на платформата и континуиран развој на професионален план.