Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска и од генералниот секретар Оливер Спасовски денеска имаше средба со амбасадорките на Кралството Белгија Аник Ван Кастлер, на Република Германија Кристине Алтхаузер и на Република Франција Лоренс Оер.
Тема на разговорт беа очекувањата за можно придвижување на разговорите помеѓу политичките субјекти кон преговарачки процес за специфичната политичка клима и длабоката политичка криза во Република Македонија.
„Преодна влада е решение за актуелната ситуација во Македонија, а со тоа и за проблемите на коишто во повеќе извештаи наназад укажуваат Европската Комисија, ОБСЕ/ОДИХР и други меѓународни институции и организации. Тие напластени проблеми, посебно партизацијата на државниот систем и контролата на судството и на медиумите од страна на актуелната власт, ја кулминираат кризата. Единствено решение за нормализација државата е влада во којашто нема да учествуваат директните креатори на кризата,“ рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
Амбасадорите изразија загриженост за состојбите во Македонија.
На средбата е нагласена потребата од кредибилни институции во интерес на граѓаните и на евро-атлантската перспектива на Македонија како и од политики во насока на државна и регионална стабилност.