Учениците од III година во ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ реализираа петдневна екскурзија во Италија. Училишната екскурзија имаше за цел запознавање на културните и естетските вредности во Италија, но попатно и во Хрватска и Словенија, во согласност со воспитно-образовната работа на училиштето.
Учениците имаа можност да уживаат во убавините на Венеција и Верона, но и да прошетаат низ Националниот парк Плитвице и Плитвичките езера, како и во Постојинска Јама со подземните тунели и прочуената човечка рипка.