Зголемен бројот на работници во индустријата

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во април 2015 година, во однос на април 2014 година, изнесува 101.6.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во април 2015 година, во однос на април 2014 година, бележи опаѓање од 4.5%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 2.4%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 3.0%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во април 2015 година, во однос на април 2014 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3.2%, Капитални производи за 18.4% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 1.5%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 4.5% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.2%.

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – април 2015 година, во однос на периодот јануари – април 2014 година, изнесува 102.0.