Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денес во изјава за медиумите истакна:
„Денеска имав прекрасна можност, во присуство на премиерот, заменик претседателот на Бугарската социјалистичка партија и министерот за надворешни работи, да ме удостојат со средба на којашто ќе можеме, како земја што е во политичка криза, да ја информира Република Бугарија, голем пријател на нашата Македонија, за начините на разрешување на кризата, за можностите, дека ги даваме сите напори, по мирен и ненасилен пат да најдеме решение за кризата, но исто така и да се заблагодариме на претставниците на Република Бугарија, вклучително и на премиерот Борисов и на сите чинители во европските институции, коишто вложуваат максимални напори, преку дијалог да се изнајде решение за проблемите во Македонија.
Нашето место е секако во Европската унија и во НАТО и преку сите тие искуства, преку европските институции, се обидуваме да изнајдеме решение за кризата што е присутна во Македонија и го загрижува секако и целиот регион.
Овде имав можност директно, првите луѓе на Бугарија, да ги информирам за сите детали околу кризата, како настана и кои се начините на нејзино разрешување, `се со конечна цел, таа пријателска соработка којашто е голема помеѓу нашите две земји, да биде унапредена во периодот којшто доаѓа.“- изјави Заев.
Извор: www.sdsm.org.mk