АППТ: Безбедносната ситуација во РМ е на високо ниво

Од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот информираат дека на веб-страната на МНР е поставено известување за политичко безбедносната состојба во РМ.

Воедно информираат дека МНР до сите свои дипломатско- конзуларни претставништва во светот достави допис во кој се укажува дека безбедносната ситуација во РМ е на високо ниво и дека туристичките работници се подготвени да ги примат странските туристи во РМ.

ДКП-ата на РМ се задолжени, во контакт со институциите од земјите на прием, да ги пренесат овие укажувања.

Повеќе информации на следниот линк.