Света архиерејска литургија по повод празникот Духовден

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека утре 31-ви мај (недела), во црквата „Света Троица“ – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Духовден“, со почеток во 9:00 часот, на која ќе чино-началствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

На 1-ви јуни (понеделник), во црквата „Света Софија“ – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „II ден Духовден“, со почеток во 9:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

По завршувањето на светата литургија ќе биде промовирана книгата „Преполовение или Руса Среда“, од дипломираниот теолог Виктор Недески од Охрид.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овие празници.