Намален бројот на ликовни изложби во 2014 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2014 година, бројот на организираните ликовни изложби изнесува 565 и во споредба со 2013 година е намален за 10.2%. Во истиот период, за 15.2% е намален бројот на ликовните уметници-учесници на изложбите, а за 7.8% е намален бројот на посетителите на ликовните изложби.

Во 2014 година се организирани 23 ликовни колонии на кои учествувале 635 учесниците.