На иницијатива на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, на седумдесет и шестата седница на Владата на Република Македониа оддржана на 26-ти Мај, одлучено е да се формира туристичка инспекција.
„Владата на Република Македонија ја прифати иницијативата на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија и одлучи да се формира туристичка инспекција како самостојна институција, со ингеренции и организациона поставеност по моделот на Државниот пазарен инспекторат. Инспекторите кои ќе бидат дел од туристичката инспекција ќе бидат преземени од Државниот пазарен инспекторат.“– информираат од АППТ.
И уште додаваат дека на овој начин Владата на Република Македонија уште еднаш ја потврдува својата целосна посветеност за развојот на туризмот, зголемување на конкуренцијата во туризмот, но и заштитата на потрошувачите во секторот туризам.