Силна поддршка од Црна Гора за демократски промени во Македонија

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски и членот на Извршниот одбор на партијата, Љупчо Николовски, учествуваат на Осмиот конгрес на сестринската Социјалдемократска партија на Црна Гора (СДП), којшто денеска се одржува во Подгорица, Црна Гора.

Во обраќањето пред делегатите, генералниот секретар Спасовски, ја акцентираше посветеноста и истрајноста на СДСМ, опозицијата и големиот број граѓански здруженија за враќање на слободата, демократијата и европските вредности во Република Македонија.

Спасовски се заблагодари на силната поддршка што Претседателството на Конгресот на СДП ја даде на СДСМ и претседателот Зоран Заев во борбата за слобода и демократија во Македонија.

Поддршка за напорите за демократски промени во Република Македонија упатија и повеќе говорници на Конгресот, меѓу кои и претседателот на Социјалдемократска партија на Црна Гора, Ранко Кривокапиќ. Тој изрази подготвеност силната поддршка да ја акцентира и за време на неговата посета на Република Македонија.

На Конгресот на СДП беше емитувано и со посебно внимание проследено видео обраќање на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Извор: www.sdsm.org.mk