Засега непознат сторител извршил кражба на пари од црквата „Св.Никола“ во Пештани. Настанот се случил вчера околу 09 часот кога сторителот низ отворените врати влегол во внатрешноста на црквата и во еден дел ја забележал металната каса.
Тука употребил подесен алат, насилно ја отворил металната каса, противправно одзел околу 1000 денари и избегал.
На местото на настанот, извршен е увид. СВР Охрид работи на расчистување на случајот и идентификација на сторителот.