Македонија на 100 место на најновата ФИФА рејтинг листа

Репрезентацијата на Македонија забележа скок од 5 места и се наоѓа на 100 место според најновата ФИФА рејтинг листа.

На врвот на ФИФА рејтинг листата и понатаму се наоѓа Германија, додека пак Белгија се искачи на второ место, потоа следуваат Аргентина, Колумбија, Бразил, Холандија, Португалија, Уругвај, Франција и Шпанија.

Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Мадагаскар, со скок од +37 места се најде на 113 место, додека пак најголем пад имаше репрезентацијата на Малдиви од -38 места која се најде на 178 место.

WebOhrid