Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2015 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.49%.
Највисока стапка на слободни работни места има секторот Ж – Транспорт и складирање и изнесува 2.05%, додека најмала е стапката во секторот Г – Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација каде што изнесува 0.28%.
Деловните субјекти со број на вработени од 3 до 9 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 1.95%.
Пелагонискиот регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 1.88%.
Најголем број на слободни работни места, односно 1709, има во петтата група на занимања – Работници во услужни дејности и продажба.