ДЗС: Цените на угостителските услуги во мај исти како во април

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во мај 2015 година, во споредба со април 2015 година, остана на исто ниво. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Алкохолни пијалаци за 0.1%.

Индексот на цените на угостителските услуги во мај 2015 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.6%.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари- мај 2015 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0.4%, додека во однос на декември 2014 година е зголемен за 0.2%.