Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков денеска ќе учествува на изборот за генерален директор на ФАО за наредниот четири годишен период. Изборот ќе биде во рамките на 39-тата Конференција на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации – ФАО во Рим.
На Конференцијата која се одржува од 6-ти до 13-ти јуни, ќе учествуваат високи претставници од земјите членки на ОН, а во фокусот на интерес ќе бидат разговорите за постигнување на милениумските развојни цели за искоренување на сиромаштијата и обезбедување доволно храна за растечката популација во светот.
Учесниците на Конференцијата ќе ги усвојат извештаите и препораките за спроведување на програмата на ФАО до 2017 година, а истовремено, ќе се разгледуваат и препораките од извештаите на Светската здравствена организација од аспект на безбедност на храна.