Екипите на „Јавна хигиена“ при Охридски Комуналец со повеќе активности го подигнуваат степенот на јавна чистота на повеќе локации во градот и приградските населби.
„Темелно се чисти и мети од наноси од песок, земја, ситен отпад, како и ситна вегетација ул.„Железничка“. Се коси и расчистува од расфрлан отпад дворот и околниот простор на подрачното училиште „Св.Климент Охридски“ во населба Даљан. Исто така се расчистува тротоарот покрај магистралниот пат Охрид-Св.Наум на потег Хидробиолошки завод – нас.Рача.“– велат од претпријатието.
Оттаму додаваат дека во пресрет на планираниот состанок на министрите за надворешни работи на државите членки на ЦЕИ се реализира акција за расчистување на расфрланиот отпад покрај магистралниот пат на потегот од Подмоље до Метропол.