Литургија на гробот на Свети Никола во Бари

Со благослов на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во седмицата по Педесетница, беше организирано поклоничко патување за свештенството од Епархијата во Италија. Целта на посетата на претставниците од Дебарско кичевката епархија беа моштите на светиот првомаченик Стефан, светите бесребреници Козма и Дамјан, како и на моштите на светиот Никола во Бари.

Беше отслужена и света архиерејска Литургија на гробот на светиот Никола Мирликиски, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на протоереите Димче Ѓорѓиески и Борислав Лазов, свештениците Никола Христоски, Васко Голабоски и Александар Матески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски.

На Литургијата присуствуваа и други православни верници, а некои од нив и пристапија кон светиот Путир.