Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и делегација на СДСМ ќе присуствува на утрешната средба во Брисел со комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан
„Изјаснувањето на еврокомесарот Јоханес Хан заедно со генералниот секретар на ОБСЕ, дека Конечниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР за предвремените парламентарни избори 2014 во Македонија содржи бројни недостатоци на изборниот процес за коишто е потребно итно спроведување на препораките на набљудувачката мисија, како и јасно искажаниот повик да се постигне договор за преостанатите точки, односно организирање Влада што ќе ги подготви и спроведе следните избори, го цениме за силна потврда на позициите на еврокомесарот Хан искажани во телефонскиот разговор со претседателот Заев и преку писменото соопштение од Европската комисија.
Искажаните заложби на еврокомесарот Хан за отворање на суштинското прашање, организрање Влада што ќе спроведе фер и демократски избори, отвораат пат за отпочнување можни преговори за решавање на политичката криза.
Очекуваме принципиелни разговори поставени на рамноправна основа.“– стои во соопштението на СДСМ.