Од денес започнува летниот распуст

Од денеска започнува летниот распуст за учениците од основните и средните училишта кој ќе трае до 1 – ви септември.

Во учебната 2014/2015 година настава следеа 280.000 основци и средношколци, а околу 20.000 деца за првпат седнаа во училишните клупи.

Со крајот на учебната година се заокружува и годинешното екстерно тестирање со кое беа опфатени вкупно 183.280 ученици од четврто одделение во основно образование до трета година во средно образование, како и 17.803 наставници во 680 основни и средни училишта.