Соопштение на СДСМ:
„Разговорите во Брисел завршија без договор за разврска на политичката криза во Македонија по пат на преговори.
Не е задоволен условот за суштинското прашање околу отворањето преговори, организирање Влада што нема да ја предводи Никола Груевски.
Неразумно и нелогично е креаторот на политичката криза, Никола Груевски, да остане да раководи со Владата што треба да организира и спроведе предвремени парламентарни избори.
Груевски беше подготвен да даде `се и да направи `се, само да ја сочува својата фотелја.
Претседателот Заев и делегацијата на СДСМ останаа доследни на принципиелната позиција што е став и на граѓаните на Република Македонија.
Нема пазарење со слободата и демократските вредности што ги заслужуваат граѓаните на Македонија, како и нивните сограѓани од Европа.
Никола Груевски мора да се повлече. “– се вели во соопштението.
Извор: www.sdsm.org.mk