СРЦ „Билјанини Извори“ домаќин на ракометен турнир

Во сабота, 13-ти јуни во СРЦ „Билјанини извори“ со почеток во 10:00 часот ќе се одржи ракометен турнир за пионери и пионерки на кој ќе учествуваат 10 екипи, 6 машки и 4 женски.

Поединците и екипите кои ќе имаат најдобри резултати по натпреварот ќе добијат пехари. Организатор на настанот е СРЦ „Билјанини Извори“, а покровител е градоначалникот Никола Бакрачески.

Настанот се одржува со поддршка на РК Охрид 2013 и ЖРК „Мобидик“ од Охрид. Општина Охрид во континуитет дава поддршка за спортски настани и случувања а настанот закажан за оваа сабота е потврда на заложбите на локалната власт спортот и физичките активности да ги доближат до најмладите генерации.