Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во април 2015 година, во однос на април 2014 година, изнесува 103.9.
Индексот на прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во април 2015, во однос на април 2014 година, бележи опаѓање од 3.0%, а индексот на прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 6.2%.
Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во април 2015 година, во однос на април 2014 година, бележи пораст од 12.0%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 3.6%.
Според главните индустриски групи, прометот во април 2015 година, во однос на април 2014 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6.3%, Капитални производи за 6.4% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 3.6%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 58.9% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.0%.
Индексот на прометот во индустријата во април 2015 година, во однос на март 2015 година, изнесува 93.3, додека во периодот јануари-април 2015 година, во однос на периодот јануари-април 2014 година, изнесува 108.6.