Трансфер на Седат Бериша во Бурсаспор

Седат Бериша направи трансфер во Турција и е нов член на тимот на Бурсаспор.

Според официјалната веб-страна на Бурсаспор, 25-годишниот  Бериша потпиша три-годишен договор со турскиот суперлигаш.

Македонскиот дефанзивец минатата сезона играше за Шкендија, а има настапувано и за екипите на Металург, Милано и Слога Југомагнат.

Бериша се очекува да дебитира на првиот официјален натпревар за Бурсаспор во новата сезона, на 8-ми август, кога Бурсаспор ќе игра против Галатасарај во турскиот Супер Куп.

WebOhrid