Јавен оглас за добивање на дозволи за вршење на општински линиски превоз

Врз основа на Одлуката за вршење општински линиски превоз на патници во Општина Охрид бр. 08-7951/10 донесена на седницата на Совет одржана на ден 11.06.2015 година и барањето доставено од страна на Одделението за сообраќај и патишта бр.23-8804/1 од 18.06.2015 година, Oпштина Охрид објавува

ЈАВЕН ОГЛАС бр.04/2015
За добивање на дозволи за вршење на општински линиски превоз

1.Предмет на овој оглас е доделување на дозволи за вршење на општински линиски превоз на патници за:

Дел 1: Охрид-с.Елшани-Охрид -за период од 5(пет) години од денот на добивање на дозволата за вршење на бараниот превоз;
Дел 2: Охрид-с.Трпејца-Св.Наум-Охрид-за период од 5(пет) години од денот на добивање на дозволата за вршење на бараниот превоз;
Дел 3: Охрид-с.Пештани-Охрид-линија 1 – за период од 5(пет) години од денот на добивање на дозволата за вршење на бараниот превоз;
Дел 4: Охрид-с.Пештани-Охрид-линија 2– за период од 5(пет) години од денот на добивање на дозволата за вршење на бараниот превоз;
Дел 5: Охрид-с.Горно Лакочереј-Охрид -за период од 5(пет) години од денот на добивање на дозволата за вршење на бараниот превоз;
Дел 6: Охрид-с.Вапила-с.Ливоишта-Охрид – за период од 5(пет) години од денот на добивање на дозволата за вршење на бараниот превоз;
Дел 7: Охрид-с.Свиништа-с.Куратица-Охрид – за период од 5(пет) години од денот на добивање на дозволата за вршење на бараниот превоз;
Дел 8: Охрид-с.Косел-Охрид-линија 1 -за период од 5(пет) години од денот на добивање на дозволата за вршење на бараниот превоз;
Дел 9: Охрид-с.Косел-Охрид-линија 2 -за период од 5(пет) години од денот на добивање на дозволата за вршење на бараниот превоз;
Дел 10: Охрид-с.Велгошти-Охрид-линија 1 – за период од 5(пет) години од денот на добивање на дозволата за вршење на бараниот превоз;
Дел 11: Охрид-с.Велгошти-Охрид-линија 2 – за период од 5(пет) години од денот на добивање на дозволата за вршење на бараниот превоз и
Дел 12: дополнителен сезонски превоз на патници во Општина Охрид-12 пакет линии утврдени по релација и време на поаѓање за период од 10.07.2015 до 31.08.2015 година.
Возниот ред за секој од горенаведените делови може да се подигне секој работен ден во одделението за сообраќај при Општина Охрид од 12:00-15.00 часот.

2.Услови кои треба да ги исполнуваат превозниците за добивање на дозвола за вршење на линискиот превоз:
За деловите од реден број 1 до реден број 11:

Да е впишан во Централниот регистар на Република Македонија и да има регистрирано приоритетна дејност- вршење на превоз на патници во патниот сообраќај;
да е сопственик на две или повеќе регистрирани возила за превоз или да има договор за лизинг за возила со најмалку 16+1 седиште, што ги исполнуваат посебните техничко-експлоатациони услови пропишани за возила за вршење на еодделни видови на превоз и да поседува изводи од лиценца за вршење општински линиски превоз;
Да има вработено во редовен работен однос возачи во зависност од бројот на моторните возила, минимум еден возач по возило што ги исполнуваат условите пропишани со прописите за безбедност на сообраќајот на патиштата;
Управителот или овластеното лице одговорно за превозот да има сертификат за професионална компетентност;
Да не е во сила правосилна судска пресуда за кривично дело против имотот, стопанството или безбедноста во јавниот сообраќај;
Да има во сопственост капацитет за паркирање и одржување на возила со кои ќе се врши превозот, како и места за задржување на возила во време кога тие не се користат или договор заверен на нотар за обезбедено право на користење на таков капацитет во период од најмалку 5 години;
Посебни услови:
-Понудувачот неотповикливо гарантира дека јавниот превоз на наведените линии(единечна цена на билет) нема да биде поголема од цената наведена во член 25-а од Одлуката на Советот на Општина Охрид за општински линиски превоз на патници во Општина Охрид бр. 08-7951/10.
– При аплицирањето на која и да било релација односно линија превозникот мора да понуди најмалку 2(две) возила кои не смеат да се поклопуваат во останатите линии. Две возила се бараат бидејќи едно возило може да биде во резерва во случај да се случи дефект на моторното возило со кое во моментот се врши превоз на патници.
-На огласот економските оператори можат да учествуваат поединечно или групно под услови предвидени со закон.

Договорот за добивање дозвола за вршење превоз има важност 5 години согласно Законот за превоз.

НАПОМЕНА: (За поседување на бараните возила се приложува фотокопија од сообраќајната дозвола, а за докажување на вработени возачи се приложува М/1М2 образец)

За дел 12- дополнителен сезонски превоз на патници:
1) да е впишан во Централниот регистар на Република Македонија и да има регистрирано приоритетна дејност/главна приходна шифра вршење на превоз на патници во патниот сообраќај,
2) да е сопственик на едно или повеќе регистрирани возила за превоз или да има соодветен договор за лизинг или закуп. Возилата да ги исполнуваат посебните техничко- експлоатациони услови пропишани за возила за вршење на одделни видови на превоз;
3) да има вработено во редовен работен однос возачи во зависност од бројот на моторните возила, минимум еден возач по возило (автобус/минибус/комби , ) што ги исполнуваат условите пропишани со прописите за безбедност на сообраќајот на патиштата;
4) управителот или овластеното лице одговорно за превозот да има сертификат за професионална компетентност и
5) да не е во сила правосилна судска пресуда за кривично дело против имотот, стопанството или безбедноста во јавниот сообраќај.

Посебни услови:

– Еден превозник може да учествува односно да аплицира само на еден пакет.
-Превозот мора да го врши само со едно возило при поаѓање.
-Согласно член 18 од Законот за превоз во патниот сообраќај на РМ, превозниците кои аплицираат на јавниот повик мора да поседуваат лиценца за вршење на општински линиски превоз.

НАПОМЕНА: (За поседување на бараните возила се приложува фотокопија од сообраќајната дозвола, а за докажување на вработени се приложува М/1М2 образец)

3.Критериуми за доделување на дозволи за вршење на општински линиски превоз:
За деловите од реден број 1 до реден број 11-ќе бидат доделени на оној правен субјект кој во целост ги исполнува условите од точка 2 од јавниот оглас 04/2015, понудил највисок паушал за користење на автобуски постојки за реализација на пакет линијата за период од 5 години и потпишал изјава за прифаќање на максималните цени по релација за превоз на патници утврдени со Одлуката за општински линиски превоз на патници во Општина Охрид донесена од страна на Советот на Општина Охрид по предлог на одделението за сообраќај при Општина Охрид.
Најповолниот превозник на одредена линија ќе биде избран по одржување на електронското наддавање кое ќе се врши врз основа на првично изготвената ранг листа на датум и термин определен од Комисијата формирана за спроведување на огласот. Како почетна цена на електронското наддавање ќе се смета највисоко понудената цена за користење на автобуски постојки за период од 5 години утврдена во почетната ранг листа.
Начинот на одвивање на електронското наддавање ќе биде определен со правилник кој на понудувачите ќе им биде поделен на денот на отворање на понудите.
Дозволата и возниот ред од ставот 2 на овој член се издаваат со рок на важење од пет години.
Едно правно лице има право да учествува со своја понуда на секој од пакет линиите обележани од дел ,, со реден број 1 до со реден број 11,, со тоа што понудата со потребната документации(оригинал/фотокопија) за секој дел треба да биде ставена во посебен плик.
За дел 12- дополнителен сезонски превоз на патници:
– Пакетите на дополнителен сезонски превоз ќе му бидат доделени на оној правен субјект кој во целост ги исполнува условите од точка 2 од јавниот оглас, понудил највисока цена за користење на автобуски постојки за реализација на пакетот на линии и потпишал изјава за прифаќање на максималните цени по релација за превоз на патници утврдени со Одлуката за општински линиски превоз на патници во Општина Охрид донесена од страна на Советот на Општина Охрид по предлог на одделението за сообраќај при Општина Охрид.
Почетна и крајна станица за влегување/слегување на патници ќе биде Автобуска станица-Охрид или друго место дополнително определено од страна на Општина Охрид(се однесува за дел 12- дополнителен сезонски превоз на патници).

4. Содржина и рок на доставување на понуда за добивање на дозвола за вршење на линискиот превоз:
– Образецот на понудите за пакет линиите од реден број 1 до реден број 12 може да се подигнат секој работен ден во просториите на одделението за јавни набавки при Општина Охрид од 12:00-15.00 часот.

Понудувачот го приложува оригиналниот примерок во запечатен внатрешен плик кој го содржи називот на понудувачот со целосна и точна адреса.
Внатрешниот плик се приложува во запечатен надворешен плик кој:
-е адресиран со точна адреса на договорниот орган,
-го содржи бројот на огласот, делот за кој аплицира
-во горниот лев агол стои ознака „Не отварај“, да не се отвора пред времето и датумот за отворањето на понудите.

Пример како треба да се адресира надворешниот коверт:

„Не отворај”
ЈАВЕН ОГЛАС БР.4
Пр.-Дел 12

До
Општина Охрид
ул. ,,Димитар Влахов” бр.57

Понудата за добивање на дозвола за вршење на дополнителниот линиски превоз на патници во Општина Охрид и регистриран возен ред треба да содржи:

Полн назив, седиште и адреса на превозникот;
Матичен број и адреса на превознокот;
Пополнет образец на понуда;
Документи во оргинал или фотокопија за докажување на исполнување на уловите од точка 2(два) од јавниот оглас;
Изјава за прифаќaње на максималната цена за чинење на возниот билет (истата е утврдена со Одлуката за вршење општински линиски превоз на патници).

Начинот на подмирување на надоместокот за користење на автобуски постојки ќе биде определен со договорот за добивање дозвола за вршење на превоз на одредена релација.

Почетната вредност на понудениот годишен надоместок за користење автобуски постојки согласно Одлуката за вршење општински линиски превоз изнесува:

А) се однесува за „од дел 1 до дел 11“

Релација – Минимален надоместок за користење на автобуски постојки за период за кој се издава дозволата(5 години)/денари

Охрид – Г.Лакочереј – Охрид 15.000,оо

Охрид – Куратица-Охрид 10.000,оо

Охрид – Косел – Охрид 15.000,оо

Охрид – Велгошти – Охрид 12.500,оо

Охрид – Ливоишта – Охрид 10.000,оо

Охрид – Елшани – Охрид 15.000,оо

Охрид – Пештани – Охрид 20.000,оо

Охрид – Св.Наум-Охрид 10.000,оо

Б) се однесува за дел 12-дополнителен сезонски превоз

Релација – Минимален надоместок за користење на автобуски постојки за период за кој се издава дозволата(10 јули-31 август)/денари

Охрид- Св.Стефан – Охрид 2000,oo

Охрид-Лагадин-Охрид 2000,00

Охрид – Градиште –Охрид 2000,00

Доколку двата плика не се затворени и обележани како што се бара, договорниот орган не презема одговорност за затурање или предвремено отворање на понудата. Понудите кои се отворени предвремено поради непридржување кон условите за затворање и обележување на истите ќе се отфрлат како неуредни.

Заинтересираните превозници треба да ги достават понудите во затворени коверти со назнака за Јавен оглас 04/2015, најдоцна до 29.06.2015 година до 11:30 часот на следната адреса: Општина Охрид-Комисија за јавни набавки ул. Димитар Влахов бр.57 Охрид.
Отворањето на понудите ќе се изврши јавно на ден 29.06.2015 година во 12:00 часот.

ОПШТИНА ОХРИД

Комисија за спроведување на јавен оглас