Граѓаните кои планираат да патуваат во странство, од денеска ќе можат да извадат едномесечен зелен картон.
Стапува на сила одлуката на Владата за воведување едномесечен зелен картон, која премиерот Никола Груевски ја најави пред неколку дена.
Осигурителните компании од денеска почнаа да издаваат едномесечни зелени картони. Цената на едномесечен зелен картон изнесува 30 евра за возила до 66 киловати, односно 50 евра за возила над 66 киловати.
Од осигурителните компании оценуваат дека оваа промена ќе биде добра можност за граѓаните, а ќе влијае и врз раст на бизнисот.
Со оваа одлука граѓаните кои патуваат еднократно во летните месеци ќе можат да остварат значителни заштеди.
Едномесечниот зелен картон е добредојден за време на туристичката сезона. Ова ќе им биде во полза на лицата кои најчесто патуваат во странство еднаш годишно, и тоа за време на годишните одмори.
Извор: Нет Прес