Италијански компании заинтересирани за инвестирање ќе ја посетат Македонија

Италијански компании заинтересирани за условите за инвестирање во Македонија ќе ја посетат земјава. Ова е договорено на средбите што министерот за привлекување странски инвестиции Џери Наумоф ги реализира во рамки на петдневната посета на Италија, каде што пред два дена ги претстави можностите и поволностите за инвестирање во Македонија на бизнис форум во Чивитинова Марче.

Форумот е во организација на реномираната адвокатска куќа Сантини Студио Легале од Рим. На форумот беа присутни претствници на компании од различни индустрии кои се запознаа со добрата бизнис клима и во разговорите со министерот Наумоф ги договорија понатамошните чекори и планови за посета на Македонија.

Адвокатската куќа Крискуоли&Партнери, (Criscuoli&Associati), чиј сопственик Франческо Дагнино ја посети Македонија минатиот месец, по повод посетата на министерот Наумоф во Милано, организираше работна вечера со асоцијацијата на претприемачи од Милано YEA.

Наумоф, како почесен гостин, имаше обраќање за бизис климата и инвестициските можности во Македонија пред триесетина петприемачи од различни сектори на производство од Милано. Како резултат на овие разговори, договорена е посета од страна на италијанските претприемачи на Македонија во текот на следниот месец, соопшти кабинетот на Наумоф.