Непознат сторител препродавал дрога на наркозависници од Кичево

Полициската Станица Кичево поднесе кривична пријава против непознат сторител поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Засега непознатиот сторител, на почетокот на април оваа година, неовластено набавил едно пластично шише со метадон во течност како и наркотична дрога марихуана во вкупна нето маса од 30,24 грама и ги сокрил во тоалетот на угостителски објект во Кичево. Истите биле наменети за натамошна препродажба на наркозависници од Кичево. Предметите се пронајдени по претходно добиени оперативни сознанија по што истите се подигнати од страна на полициските службеници и предадени за вештачење. Се работи на откривање и пронаоѓање на сторителот како и целосно расчистување на случајот.