Конкурс за организатор на финалниот турнир во Кошаркарскиот Куп на Македонија 2015

Согласно член 1.9.3 од Правилникот за Куп натпреварувања, МКФ ги поканува сите заинтересирани правни и физички лица на јавна лицитација за организатор на Финалниот турнир на Кошаркарскиот Куп на Македонија, што ќе се одржи на 29.01.2015 година во просториите на МКФ.

Почетната сума за организација на Купот во машка конкуренција изнесува 400.000 денари. Заинтересираните учесници на лицитацијата треба да уплатат 10% од почетната сума до почетокот на лицитацијата на жиро сметка или во готово во канцеларијата на МКФ.

Финалниот турнир (Фајнл Фор) во машка конкуренција ќе се одржи на 20 и 21 февруари 2015 година и на турнирот ќе се одиграат вкупно 4 натпревари:

– Сениори: 2 полуфинални натпревари и 1 финален натпревар

– Младинци: 1 финален натпревар

Организаторот на Фајнл Фор турнирот во Купот на Македонија добива права и обврски за организација – регулирани според Правилникот за Куп натпреварувања (Член 4) и Прирачникот за организација на Финален турнир на Куп на Македонија.