По повод годинешната тема на Зелената недела на Европската Унија, „Природата- наше здравје, наше богатство“, општина Охрид во соработка со Делегацијата на ЕУ, Националниот парк „Галичица“ и Нуркачки клуб „Амфора“ организираат изложба на фотографии за биодиверзитетот на Национален парк „Галичица“ и Охридското Езеро која ќе се одржи од 24-ти до 26-ти јуни од 10 до 20 часот на Малиот плоштад во Охрид.
Целта на овој настан е подобра промоција на биодиверзитетот на Охридското Езеро и планината Галичица, потребата од неговата заштита, развивање на чувството за одговорност кон природното богатство.