Македонија во фокусот на разговорите на денешниот Совет за надворешни работи на ЕУ

Актуелната политичка состојба во Република Македонија е во фокусот на разговорите на денешниот Совет за надворешни работи на Европската унија во Луксембург.

Шефовите на дипломатиите на земјите-членки на ЕУ ќе разговараат за случувањата во нашата земја со високиот претставник за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини, а потоа и со генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-Мун.

Денешните заклучоци што ќе ги донесе Советот на ЕУ, во четврток и петок треба да бидат потврдени од шефовите на држави и влади на ЕУ на Самитот на Европскиот совет во Брисел.