Во изложбен салон при НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид ќе се одржи литературна средба со авторите на книгата „Зен верс“ (Маја Мојсова-хаибун, Соња Гаврилоска-Љулкова – катаута, Пере Ристески – хаига, Јован Ристески – илустрации и Милован Србиноски –хаику).
Книгата е колекцијата на избрани хаига, хаику, катаута и хаибун творби, што ја прави оваа книга „Зен верс“ прво издание од ваков вид во македонската литература. Книгата излезе од печат во 2014 година. Предговорот на книгата го напиша професор доктор Лилјана Пандева.
Литературната средба со авторите на книгата „Зен верс“ ќе се одржи на 26-ти јуни со почеток во 18 часот. Водител на средбата ќе биде Арифа Малоска.