Од 20 – 26 јуни во Охрид, во Спортската Арена „Билјанини Извори“ се одржува ракометен камп во организација на Академија Лекич.
Најдобрата светска ракометарка за 2013 година Андреа Лекиќ која е оснивач на Академијата Лекиќ има на располагање околу 100 ракометарки од помладите категории од 10 држави од Европа. Тренинзите на кампот се одржуваат од 9 – 13 часот предпладне и од 17 – 20 часот попладне.