Утре и задутре едночасовен прекин на сообраќајот на патот Охрид – Кичево

Од АМСМ информираат дека утре и задутре (четврток и петок), сообраќајот на патниот правец А2 Кичево – Охрид, кај месноста Лавчанско речиште, ќе биде во прекин од 16.00 до 17.00 часот, поради изведување градежни работи (минирање).