Во сите објекти на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, од страна на непознати сторители, продолжува оштетувањето на детските паркови, градините, оградите, покривите, олуците, надворешните единици од клима уредите, кршењето на катинари и порти, обиди за влегување во објектите со оштетување на влезни врати и прозорци од објектите, шетање на домашни миленичиња во дворовите, како и други оштетувања кои предизвикуваат несогледливи последици по здравјето и безбедноста на децата.
Токму поради тоа, денеска се одржа работна средба со претставници на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, Секторот за образование при Локалната самоуправа на и СВР- Охрид. Целта на средбата беше да се искоординираат следните чекори, со цел да се заштити имотот и добрата во детските градинки.