Годишен концерт на КУД „Гердан“ во Охрид

Културно-уметничкото друштво „Гердан“ од Охрид, вечерва во преполна сала во Центарот за култура „Григор Прличев“  го одржа традиционалниот годишен концерт. На посетителите им беше понудена убава вечер со прекрасната македонска народна игра и песна.

„Концертот е традиционален, секоја година во месец јуни го организираме. Настапуваат сите групи од најмалечките до големите до првиот состав. Тие се носители на програмата.“ -изјави Менде Бараковски, раководител на КУД „Гердан.

На концерот настапи и естрадниот уметник Милован Секулоски. Како гости на вечерта настапија КУД „Беочин„ од Нови САД, КУД „Бриле“ од Србија и КУД „Панче Пешев“ од Куманово.

„Учесници сме на околу 70 фестивали во овие 47 години, имаме малку материјална криза, но опстојуваме во овој простор што го имаме кај Кошишта, во старото училиште„ Св. Кирил и Методиј. Тоа ни е едно пријатно катче, каде што се збираат младите да научат нешто и да се едуцираат, да ги воспитаме на некој начин да бидат добри момци, девојки, подоцна да си бидат добри студенти, па добри родители.“– вели Бараковски.

Инаку, КУД „Гердан“ од Охрид е формирано во 1968 година. Во него членуваат околу 100 млади членови, кои се поделени во групи, прва, втора и трета постава работи и Хорот „Распеано герданче“.

WebOhrid/А.Андриоски