Директорот на Агенцијата за млади и спорт во посета на „Информатијада 2014“

Директорот на агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески денеска во официјална посета на еден од работните денови на петдневното информатичко дружење Информатијада 2014.

Тој ги посети спортските активности кои се дел од Информатијадата и самиот се увери во спортскиот карактер кој е еден од симболите на овогодинешната манифестација.

Фудбал, ракомет, кошарка, одбојка се само дел од спортовите кои оваа година се дел од спортската програма на Информатијада.

IMG_1107

„Ми беше навистина голема чест да присуствувам на овогодинешната Информатијада која оваа година за првпат се одржува во Република Македонија, а на која учество земаат над 400 студенти од нашата држава и регионот. Она што е навистина значајно е фактот што покрај официјалниот работен дел со едукации и натпревари, студентите можат и да се натпреваруваат во неколку спортски дисциплини и практично да го поттикнат физичкиот развој и здравјето кај младата популација. За пофалба е тоа што овие млади даваат пример за останатите како преку учењето може да се промовира здравиот начин на живот и спортувањето како многу важендел од развојот на младите.“ – изјави Спасески.

IMG_1142