Годишен концерт на КУД „Гердан“ во Охрид

Културно-уметничкото друштво „Гердан“ од Охрид, вечерва во преполна сала во Центарот за култура „Григор Прличев“  го одржа традиционалниот годишен концерт. На посетителите им беше понудена убава вечер со прекрасната македонска народна игра и песна. „Концертот е традиционален, секоја година во месец јуни го организираме. Настапуваат сите групи од најмалечките до големите до првиот состав. Тие се носители на програмата.“ -изјави Менде Бараковски, раководител на КУД „Гердан. На концерот настапи и естрадниот уметник Милован Секулоски. Како гости на вечерта настапија КУД „Беочин„ од Нови САД, КУД „Бриле“ од Србија и КУД „Панче Пешев“…

повеќе...

Јубилеен концерт на Ансамблот за народни песни и ора „Македонка“ од Охрид

Ансамблот за народни песни и ора „Македонка“ од Охрид, по повод 10 години од своето постоење, синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“ одржа јубилеен концерт. Овогодинешниот концерт им понуди вистинско уживање на присутните многубројни љубители на фолклорот, традицијата и народната уметност. WebOhrid/А.Андриоски

повеќе...

„Генерална проба“ на матурантите од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“

Четири дена пред нивната официјално закажана матурска вечер која ќе се одржи на 19-ти мај, во вторник во хотелот Десарет, матурантите од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ веќе тренираат матурска забава во нивниот двор. Весели и разиграни со сите музички реквизити, матурантите од електромашинскиот училишен центар од Охрид, под акордите на дувачките и ударни инструменти прават генерална проба на популарните ора и ороводни песни кои најверојатно ќе бидат дел од матурската забава во вторник. WebOhrid им посакува незаборавна матурска вечер, и секако многу успех во натамошното школување. WebOhrid

повеќе...