Отворена 10-та меѓународна уметничка колонија на ликовни уметници во организација на здружението „Драудакум“

На 24-ти јуни, Државниот секретар во Министерството за култура, Бехиџудин Шехапи ја отвори 10-та Меѓународна колонија на ликовни уметници која традиционално се одржува во Гостивар, во хотелот Панорама, во организација на здружението на ликовни уметници „Драудакум“. Државниот секретар им посака многу успех и плодна соработка на сите присутни уметници од околу 15 земји, притоа заблагодарувајќи се на претседателот на здружението, Решат Ахмети за вложениот напор и ентузијазам.

Министерството за култура и во иднина ќе продолжи да ги поддржува ваквите културни настани, чија цел е афирмација на сликарството не само во Република Македонија, туку и пошироко, а со тоа стимулирајќи ги младите уметници да го промовираат својот талент и творештво во меѓународни рамки.

02_a640