Според податоците на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во мај 2015 година, во споредба со мај 2014 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 9.4%, а реално за 8.2%), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 9.9%, а реално за 4.8%) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 9.7%, а реално за 8.2%).