Минимален пораз на Работнички во Естонија, Шкендија 1:1 против Аберден

Работнички претрпе минимален пораз во Естонија од тимот на Флора во рамките од квалификациите за Лигата на Европа. Флора дојде во водство во 59 минута со голот на Гусев и успеа да го сочува резултатот до самиот крај. Повратниот дуел е за седум дена, односно на 9 јули на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

Шкендија успеа да одигра 1:1 против шкотскиот Аберден. Иако гостите се фаворити, Шкендија храбро го започна овој дуел. Битката се водеше рамо до рамо, а шанси имаше на обете страни. Натпреварот се разжешти во последните минути. Најпрво Аберден дојде во водство од 0:1 во 79 минута со голот на Квин. Во 84 минута, буквално по само неколку секунди откако влезе во игра, Христијан Кировски го изедначи резултатот на 1:1 со гол со глава од околу 14 метри. Повратниот дуел во Шкотска ќе се игра на 9 јули.

WebOhrid