Утре крводарителска акција во просториите на охридската гимназија

Во рамките на своите активности за обезбедување на доволни количества крв и крвни продукти во летниот период, за потребите на пациентите во здравствените установи во Охрид, Црвен крст Охрид организира крводарителска акција која ќе се реализира утре од 10-14 ч. во просториите на ОСУ „Св.Климент Охридски“ -Гимназија, во Охрид.

Се поканувааат сите сограѓани и гости да ја искажат својата хуманост дарувајќи крв.